Прилеп: Нема новозаболени од коронавирусот, четворица оздравени од заразната болест

Прилеп: Нема новозаболени од коронавирусот, четворица оздравени од заразната болест

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 28 мај:

  • Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест;
  • Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 211 лица позитивни на КОВИД-19. Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.

Центарот за јавно здравје – Прилеп денеска го започна таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето ќе трае два дена, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …