Наплатата на даноците во јуни е помала за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани

Наплатата на даноците во јуни е помала за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти, а намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход, кај кој, има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година, одговори на новинарско прашање, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Намалување од 17,3 проценти има кај данокот на добивка.

– Намалувањето произлегува од пониската наплата на месечните аконтации на данокот на добивка што може да е резултат на предвремените уплати на месечните даночни биланси кај определен број на даночни обврзници – рече Лукаревска.

Одредено намалување има и кај данокот на додадена вредност, односно нето-приходот е намален за 7,5 проценти, а бруто приходот за 1,7 проценти во споредба со јуни лани.

Таа информираше дека вкупниот даночен приход во јуни изнесува 5.240.928.514 денари (85.218.350 евра).

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …