Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред Covid-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани

Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред Covid-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на Фејсбук објави дека просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред COVID-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани.

Конкретно, во мај:

  • Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени
  • Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност
  • Со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми

Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата, продолжи и во јуни, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …