Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука хронично болните лица да се вратат на работа

Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука хронично болните лица да се вратат на работа

Утринава, Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за забрзана прогресија на болеста, информираат од Министерство за здравство.

„За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија,“ информираат од Министерство за здравство.

Според секојдневните извештаи на Министерството за здравство, бројот на активни случаи со ковид-19 во нашата земја постепено опаѓа во изминативе недели.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …