Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост до крајот на годинава

Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост до крајот на годинава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изврши увид во напредокот на реконструктивниот зафат во еден од објектите на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. Градежните работи и опремувањето, започнати во септември, се одвиваат со планираната динамика и ќе завршат до крајот на годинава, кога во реноновираните простории ќе започне со работа нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост на возраст помеѓу 14 и 26 години. Капацитетот на дневниот центар ќе биде 25 корисници.

Во изминатите неколку години, во заводот функционира дневен центар  што обезбедува стручна поддршка и дневно згрижување за триесетина деца, млади и возрасни со интелектуална попреченост. Отворањето на вториот дневен центар ќе овозможи подобри просторни услови за стручна, индивидуална и групна, работа со корисниците, согласно нивната возраст и лични потреби. Со тоа, Министерството излезе во пресрет на барањата и потребите на семејствата на децата со попреченост од Скопје и околината.

Министерката Шахпаска оствари средба со директорот и раководството на институцијата, на која беа утврдени приоритетите за трансформација на институцијата на среден рок. Ќе биде зајакнат капацитетот на институцијата за современа професионална рехабилитација на младите и лицата со интелектуална попреченост. Корисниците кои се сместени во заводот во наредните две години ќе бидат згрижени во групни домови со поддршка во заедницата.

Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да работи на целосно спроведување на деинституционализацијата, што ќе води до поквалитетни социјални услуги во нашата држава согласно потребите на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …