Општина Крушево: Пуштен во употреба резервоарот за вода во Белушино

Општина Крушево: Пуштен во употреба резервоарот за вода во Белушино

Денеска во употреба беше пуштен резервоарот за вода во с.Белушино, проект кој беше ветуван многу години, но кој дури денеска се реализира.

„Денес официјално го пуштаме во употреба резервоарот во Белушино. Граѓаните од ова населено место со право не веруваа кога ги известивме дека средствата и цела документација за овој проект се подготвени и обезбедени, затоа што со години биле лажени. Денес резервоарот е реалност и проблемите со водоснабдување еднаш засекогаш се решаваат“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Изградбата на резервоарот за вода чини 2.601.900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …