Донација од 50 таблети од „Витаминка“ за ученици од социјално ранливи семејства

Донација од 50 таблети од „Витаминка“ за ученици од социјално ранливи семејства

„Со министерката за образование и наука, Мила Царовска, разговаравме за начинот на спроведување на наставата во прилепските основни училишта, а бевме и во посета на Гимназијата ‘Мирче Ацев’ каде беше извршена реконструкција на покривот, проект кој чинеше 14,4 милиони денари“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на денешната прес конференција одржана заедно со министерката Царовска.

Донација од 50 таблети од „Витаминка“ за ученици од социјално ранливи семејства„Посебно сакам да истакнам дека добивме 50 таблет компјутери, донација на прехранбената индустрија ‘Витаминка’ и продукцијата ‘Преспав’, кои што ќе бидат наменети за ученици од социјално ранливите семејства. Донацијата ќе биде распределена во ООУ ‘Добре Јованоски’, каде имаме најголем број на ученици од социјално загрозени семејства и сметам дека ќе биде најдобро таблетите таму да се достават“, рече градоначалникот Јованоски.

Што се однесува до состојбата на пандемијата на Ковид-19 во училиштата, градоначалникот Јованоски напомена дека во изолација се наоѓаат 10 наставници и 20 ученици, од кои двајца се заразени со коронавирус.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, рече дека е задоволна од начинот на кој тече образовниот процес во училиштата во општина Прилеп, односно дека училиштата се солидно подготвени и соодветно ја извршуваат својата основна задача.

Донација од 50 таблети од „Витаминка“ за ученици од социјално ранливи семејства„Од она кое што можевме да го видиме, во Гимназијата со помош на Министерството за образование е реновиран покривот, а разговарав и со дел од наставниот кадар за да видам на кој начин се справуваат со предизвиците на
онлајн наставата. Притоа утврдивме дека во овој месец се навикнале и учениците и наставниците, како и дека се задоволни од квалитетот на наставата која се одвива онлајн. Она што сакам да го истакнам, е дека на ниво на целата држава, процентот на успешно следење на онлајн наставата, стигна до 90.2 отсто. Тоа покажува дека само за еден месец воспоставување онлајн настава, имаме висок процент на ученици кои следат и наставници кои одржуваат настава“, потенцираше министерката Царовска.

Донација од 50 таблети од „Витаминка“ за ученици од социјално ранливи семејства„Ми претставува особена чест што сум тука и што во името на ‘Витаминка’ можеме да ја доделиме оваа донација од таблет компјутери за социјално загрозените семејства, која е наменета за ученици од Прилеп, а дел и за ученици од
битолските училишта“, рече Симона Симоновска, претставник на „Витаминка“.

„Солидарност и општествена одговорност, тоа се клучните две работи кои што не смееме да ги заборавиме во овие тешки мигови. Ги повикувам и другите институции и фирми да го следат нашиот пример, затоа што им е потребна помош на многу луѓе во нашата држава“, истакна Игор Ангелов од продукцијата „Преспав“.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …