Претседателите Пендаровски и Радев разговараа за перспективите за напредок во европската интеграција на Република Северна Македонија

Претседателите Пендаровски и Радев разговараа за перспективите за напредок во европската интеграција на Република Северна Македонија

Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …