Денеска Владата ја одржува редовната 18-та седница

Денеска Владата ја одржува редовната 18-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 18-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата е предвидено да бидат разгледани и Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, како и предлогот на Закон за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги, кон Договорот за изменување и пристапување кон Договорот за слободна трговија на Централна Европа, предложени од ресорните министерства.

На денешната 18-та владина седница, која е закажана за 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување е и Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …