Европскиот суд за човекови права изрече пресуда во корист на двајца Роми, малтретирани од полицијата во 2014 година

Европскиот суд за човекови права изрече пресуда во корист на двајца Роми, малтретирани од полицијата во 2014 година

Соопштение на Европскиот центар за правата на Ромите:

Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година. Судот пресуди врз основа на недостаток на успешна истрага од страна на полицијата, која се однесува на полициската бруталност кон двајцата Роми.

Имено, судот одби да суди за нечовечкиот и деградирачки третман, со кој се соочиле тужителите (член 3 од Конвенцијата) или поради фактот што дејствијата на јавниот обвинител или полициските службеници биле дискриминирачки (член 14 од Конвенцијата). Судот ѝ наложи на Владата на Северна Македонија да им исплати на Ромите, кои се сега на возраст од 23 и 19 години, износ од 7.500 ЕУР, поединечно.

Претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, изјави: „Вознемирувачки е да се види дека правдата за овие деца очигледно не може да се добие во Северна Македонија. Познато ни е дека овој вид на расистичко насилство се случува постојано, но правосудниот систем, полицијата, јавниот обвинител во оваа држава се така институционално расистички, што, дури и кога деца се апсени и претепувани од страна на полицајци, институциите не можат ниту да спроведат успешна истрага против нивните сопствени службеници. Ромите треба да бараат потпора од судот во Стразбург, за да воопшто добијат било каков вид на правда.“

Предметот се однесува на неуспехот да се истражи инцидент за наведена полициска бруталност, што се случила на 19 мај 2014 година, кога тужителите Роми биле на возраст од 16 и 13 години. Полициските службеници, припадници на скопската единица „Алфи“, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесет годишна жена во близината, кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу 16 и 18 години.

Полициска патрола ги соочила двајцата малолетници, веднаш напаѓајќи ги на улицата, пред да го однесат 16-годишниот во притвор во полициската станица Центар. Во полициската станица, 16-годишното момче било наводно дополнително тепано неколку часови од страна на службениците, кога неговиот татко бил повикан во станицата и на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти“.

Под закана, тој потпишал признание дека истата вечер украл рачна чанта од 20-годишна жена. 13-годишното момче исто така изјави дека полициските службеници го шамарале по лицето и на улицата му извикувале „вие Цигани, вие лажете и крадете!“. По инцидентот, полицискиот инспекторат негирал било каков наводен престап сторен од страна на службениците, изјавувајќи дека полициските службеници не ги пречекориле своите овластувања.

Подоцна истиот месец, двајцата Роми, поднеле кривична пријава до Јавниот обвинител, поддржани од ЕЦПР и Хелсиншкиот комитет во Македонија, против четворицата полициски службеници, кои биле вклучени во инцидентот. Имено, до декември 2017 година, немало никаков напредок за казнување на службениците. Поединечни граѓански тужби поднесени од страна на двајцата Роми, стигнале и до Скопскиот Апелациски суд, каде тужбите исто така биле одбиени, оставајќи го Европскиот суд за човекови права како последна и единствена можност, тужителите да добијат правда.

„Среќна сум што овие двајца млади мажи добија надомест, што е во некоја мерка барем мерило за правдата, по бруталноста која тие двајцата ја доживеале на 19 мај 2014 година“ изјави, менаџерот за правни работи на ЕЦПР, Сенада Сали.

„Впрочем, разочарана сум од Европскиот суд во оваа инстанца, за жалење е фактот што не ги поврзале очигледните расистички мотиви, кои се наоѓаат позади ова, со постапките на Скопската полиција. Во нивната пресуда, тие дури не ни навлегуваат во ценењето на членот 14 (дискриминирачко) барање, тие само го одбиле како очигледно неосновано.“

Белешките од болница и медицинските докази, доставени до судот од страна на ЕЦПР, покажуваат дека тинејџерите биле претепани и имале модринки на нивните глави и нивните тела. Тинејџерите изјавиле дека службениците ги шамареле, боксувале, удирале и тепале сопендреци, во стремеж да извлечат од нив признание, како и користејќи расистички навреди во постапката. Додатно, тинејџерите биле посочени од полицијата поради осомничен профил, кој бил скоро целосно базиран на нивната етничка припадност (едно што помладото момче додатно не би можело да одговара на описот поради неговата возраст). И покрај ова, судот одбил да ја земе предвид почетната бруталност или подоцнежното одбивање да се истражува како дискриминаторно од страна на полицијата или обвинителите.

Веќе постојат три предмети пред Европскиот суд, што се однесуваат на Роми, каде што има создадено пракса за неуспехот да се спроведе успешна истрага. Во овој предмет, јавниот обвинител чекал две години по полициската бруталност, пред воопшто да преземе било какво дејствие, но кога го презел, дејствието било исто така несоодветно. ЕЦПР воочува модел на непреземање активност за Ромите од страна на обвинителството, што продолжува да се случува до денеска; што ние го сметаме дека е производ на институционален расизам, но што исто така судот не го испитувал во оваа пресуда.

Прочитајте повеќе

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

На централниот митинг во Струмица кој се одржа вчеравечер, меѓу останатите говореше и носителот на …