пошта

Пошта ја прифати понудата на „Халк банка“

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, на денешната седница ја прифати конечната понуда на „Халк Банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем кој и досега беше во употреба.

Упрaвниот одбор на Пошта на Северна Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор, и’ предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото, да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на Северна Македонија“ и „Халк Банка“ АД Скопје.

Прочитајте повеќе

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо“ во Тирана

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо“ во Тирана

Текстот „Диво месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 година. За својата …