ИН МЕМОРИАМ: Почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и долгогодишен директор на битолскиот театар

ИН МЕМОРИАМ: Почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и долгогодишен директор на битолскиот театар

Денеска во Битола, на 67-годишна возраст почина Благоја Стефановски-Баге,  поранешен пратеник и министер за култура, кој во еден мандат беше пратеник и долгогодишен директор на Народниот театар-Битола.

Зад Баге стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА.

Благоја Стефановски-Баге беше директор на НТ-Битола во неговите златни години, од 1975 до 1980. Тој е заслужен за големите успеси кои овој театар ги постигна во нашата држава и во странство. Стефановски беше министер за култура од 2002 до 2006 година, а потоа го формира приватниот „Мал драмски театар“ во Битола.

Благоја Стефановски-Баге е добитник на бројни признанија и награди. Последна во низата беше минатогодишната награда на Општина Битола за животно дело „4 Ноември“.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …