Јубилеј: 60 години постоење на СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

Јубилеј: 60 години постоење на СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

Со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените од страна на претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет и на вработените, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп го одбележа 60-годишниот јубилеј.
Јубилејот беше одбележан со изработка на портрет на патронот на училиштето, Ристе Ристески-Ричко, дело на професорот Методи Исков, со колаж и историско видео изработени од ученици од средното училиште, како и со видео-рецитал и уметнички приказ на портрети.
Патронатот беше одбележан со целосно запазување на мерките за заштита од пандемијата на Ковид-19, а сите останати активности подготвени за големиот јубилеј, можат да се најдат на редизајнираната веб страница на училиштето ricko.edu.mk.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …