Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер

Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер

По 40 години Министерството за локална самоуправа со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка ги реконструираше во целост двата ски лифта на Пониква со што ова место полека добива лик на зимски туристички центар, што е од исклучителна важност за развојот на Источниот плански регион, но и за целата држава, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Имаме прекрасна природа и одлични терени за зимски спортови во земјава. Министерството за локална самоуправа ги има идентификувано развојните потенцијали на планските региони и веќе работи на подобрување на условите за развој на туризмот на Попова Шапка, во Маврово, еве овде на Пониква, а следните инвестиции ќе бидат на Кожув и на Пелистер, рече тој.

Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и ПелистерМилевски појасни дека за реконструкција на двата ски лифта на Пониква се потрошени пет милиони денари, а дополнително со подобрувањето на патната инфраструктура на ова подрачје , се зголемуваат потенцијалите за развој на туризмот, а тоа значи повеќе гости, отворање на нови мали бизниси, нови вработувања, економски развој.

– Источниот плански регион станува атрактивен и за поголеми инвестиции и нови вложувања. Фактот дека 40 години не било инвестирано ништо или многу малку, овде на Пониква, зборува колку сме пропуштиле како држава. Слична е состојбата и на Пелистер. Владата и Министерството за локална самоуправа ќе продолжат со поттикнување на развојот на планските региони. Време е максимално да ги искористиме сите потенцијали, дополни Милевски.

Тој рече дека нашата држава може да биде атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и да привлече туристи од соседните земји, па и пошироко.

– Ќе продолжиме да градиме европски стандарди дома, зашто тоа е начинот за европеизација на државата. Со вложување во инфраструктурата, во развојот, во отварање на нови можности за нашите општини и граѓани, рамномерно во сите делови на државата, најави Милевски.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …