Почнувајќи од денеска, следува период на дождливо време

Почнувајќи од денеска, следува период на дождливо време

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне 14 степени Целзиусови.

Следува период на претежно променливо облачно и врнежливо време. Нови врнежи наместа пообилни ќе има од вечерните часови и утре преку денот. Снег може повремено да провејува во западните делови и на повисоките места, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови. Од среда повторно ќе има врнежи од дожд, на планините и повисоките места од снег.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …