Црна Гора дозволи влез во земјата без задолжителен ПЦР тест

Црна Гора дозволи влез во земјата без задолжителен ПЦР тест

Од денеска е дозволен влез во Црна Гора без задолжителен ПЦР тест, изјави министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Таа истакна дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобрена и дека во овој момент 57.3 отсто од болничките капацитети се исполнет со ковид-пациенти, за разлика од претходно кога тој процент изнесувал 67 отсто.

Што се однесува до датумот на пристигнување на вакцините во Црна Гора, министерката Боровиниќ-Бојовиќ потенцираше дека очекува тие да пристигнат во земјата до крајот на јануари и дека во таа насока, се прават напори вакцините да бидат со европски сертификат, за што се водат преговори со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …