Денеска променливо облачно, за викендот повремени врнежи од дожд

Денеска променливо облачно, за викендот повремени врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 6 до 14 степени Целзиусови.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд кои во западниот дел од земјата ќе бидат пообилни. На планите ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …