Првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Дејан Проданоски, поднесе оставка од претседателската функција

Првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Дејан Проданоски, поднесе оставка од претседателската функција

После само два месеца од неговото именување, Дејан Проданоски поднесе оставка од функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Проданоски е член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп и важи за дел од умереното, интелектуално крило на партијата.

„Проданоски е вистинскиот избор за прв човек на еден од најголемите комитети во државата и човек кој ќе го поведе членството кон нови победи.ВМРО-ДПМНЕ е партија која изобилува со кадри, а изборот на Дејан Проданоски за прв човек на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ќе донесе обединување, посветеност и работа. Градиме тим од чесни, лојални и посветени луѓе, тим кој ќе предложи конкретни предлози и решенија за справување со последиците предизвикани од пандемиjaта со корона вирусот, како и конкретни проекти за развој и напредување на Прилеп. Сега е вистинското време за обединување“, пишуваше во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, после назначувањето на Проданоски за прв човек на Општинскиот комитет.

Прочитајте повеќе

дожд врнежливо време

Денеска и во следните денови нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно …