Видео средба Османи-Силва

Видео средба Османи-Силва

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.

Министерот Османи ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …