ДЕВЕТ РОМАНИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

ДЕВЕТ РОМАНИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

ПОТЕСЕН ИЗБОР ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

  1. „Лето во кое те нема“, Петар Андоновски, „Или – Или“
  2. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
  3. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
  4. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
  5. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
  6. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
  7. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
  8. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
  9. „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Прочитајте повеќе

Халк Еко Скопје Трча 10КМ

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Оваа недела (09.05.2024), ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 км“ …