И денеска врнежи од снег

И денеска врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно, уште од ноќните часови со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Највисоката дневна температура ќе достигне 9 степени Целзиусови.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и студено време, со ниски утрински температури. Во вторник и среда понекаде ќе има услови за провејување на снег.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …