Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејбук профил објави дека пристигнала првата композиција со инженериски машини на железничката станица во Криволак.

„Нашите инженерци заедно со 15. инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската Армија и Армијата на САД заедно на Криволак ќе изградат патишта, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта, полетно-слетна писта за беспилотни летала. Тоа е предноста на сојузништвото“, напиша министерката Шекеринска.

Планот за развој на Армискиот полигон „Криволак“ во соработка со САД беше најавен кон крајот на февруари од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Брнз. На Криволак од месецов ќе работат 275 припадници на 15. Инжинериски батаљон на Армијата на САД во Европа, кои со нивните македонски колеги интензивно ќе го подготвуваат полигонот за претстојната вежба. Меѓу подготовките е и надградување на патот што минатата година го пробија македонските инженерци, кој сега ќе биде подготвен за сообраќај на тешки оклопни возила.

Интензивното уредување на Криволак е во пресрет на пролетната вежба „Одлучен удар 21“, на која ќе учествуваат повеќе од 1.200 македонски, околу 700 американски, како и војници од Бугарија и Грција.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …