ADAC – тест на летни пневматици: Continental ја потврди доминацијата!

Оваа димензија веќе подолго време е најбарана на европскиот пазар благодарејќи на првото вградување во голем број компактни возила од Audi A3 до VW Golf. Конечно температурите се во пораст, па дури ја нема типичната за ова време, ноќна голомразица. Од 15. март престанува да важи одредбата за задолжителна зимска опрема во возилата и е време да се вратиме на летните пневматици, но кои се најдобри? ADAC е Автомобилскиот клуб на Германија, реномирана институција која редовно извршува разни тестирања, овој пат на најпопуларната европска димензија но, која гума е најдобра?

Одговорот е даден во тестот со брзински индекс V до 240 км/ч. Од 15 тестирани модели, вкупната изведба на три е оценета како „добра“, единаесет гуми оценети како „задоволителни“ и една гума оценета како „доволна“. Очекувано Continental PremiumContact 6 исплива на врвот на листата со карактеристиките што ги дава, особено на влажна подлога. Тој доби далеку најдобра оценка. Сепак, овие пневматици покажуваат малку поголема потрошувачка на гориво. Speed-Life 3 од Semperit, ќерка марка на Continental, е исто така добар избор. Иако покажува малку полошо однесување на влажно, тој го победува PremiumContact 6 во однос на отпорот на триење, т.е. потрошувачката на гориво. Bridgestone Turanza T005  е добра на влажен колосек, но импресионира на сув коловоз со кратки растојанија за сопирање. За тестот на летните пневматици беа ангажирани модели од разни производители.

Застапници на Continental во Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.

Прочитајте повеќе

Jeep Wrangler

Jeep ја објави продажбата на петмилионитиот Jeep Wrangler

Jeep ја објави продажбата на петмилионитиот Jeep Wrangler, кој го купил клиент во Камден, Њу …