АЕТМ: Прометот кај домашните е-трговци во 2020 пораснал за 135% споредено со 2019 година

АЕТМ: Прометот кај домашните е-трговци во 2020 пораснал за 135% споредено со 2019 година

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележува значително забрзан раст. И во Република Северна Македонија се забележува значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализини со домашни картички кон домашни е-трговци.

Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија, растот на вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашни интернет продажни места изнесува 135% во 2020 споредено со 2019 година. Во 2020 година реализирани се 178 милиони евра кон домашните е-трговци (од кои 6% или 11 милиони евра се направени со странски картички), додека во 2019 вредноста на реализираните трансакции кон домашните е-трговци изнесувала 75 милиони евра. Што се однесува до вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон странски е-трговци, истата бележи пад од 54% во 2020 година споредено со 2019 година или во апсолутен износ реализирани се 62 милиони евра во 2020, наспроти 135 милиони евра во 2019 година. Секако, ова е очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања. Оттука, падот на трансакциите направени кон странски е-трговци во најголема мера може да се каже дека се должи на авио-билети, хотелски сметувања и слично.

Што се однесува до бројот на трансакциите, во текот на 2020 година реализирани се вкупно 10 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 6,7 милиони во текот на 2019 година што претставува пораст од 50,1%.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …