Ердоган- случувањата во источна Украина се загрижувачки

Ердоган- случувањата во источна Украина се загрижувачки

Турскиот претседаетел Реџеп Таип Ердоган по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече случувањата во источниот украински регион Донбас загрижувачки.

Состанокот кој се одржа вчера во Истанбул и траеше повеќе од три часа е дел од претходно договорена посета но се случи истовремено со тензиите меѓу Киев и Москва за долготрајниот конфликт во источна Украина.

Зборувајќи на заедничката прес конференција со Зеленски Ердоган последните случувања го нарече загрижувачки и изрази надеж дека конфликтот ќе биде решен на мирен начун со дипломатски напори, врз основа на интегритетот на Украина и меѓународните закони. Турција и Украина имаат добри врски, а Анкара претходно ја осуди руската анексија на Крим во 2014 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …