Голем пожар во Грција, евакуирани се населени места, ангажирани се авиони и хеликоптери

Голем пожар во Грција, евакуирани се населени места, ангажирани се авиони и хеликоптери

Големиот шумски пожар што изби во среда во грчката област Коринт повторно се распламте утрово, а досега се уништени 55 квадратни километри во оваа област на полуостровот Атика.

Досега се евакуирани шест села и два манастира, а има изгорени куќи.

Во гаснењето на пожарот кој дивее на околу 80 километри западно од главниот град Атина се ангажирани авиони, хеликоптери и голем број пожарникари, но многу делови се тешко достапни и пожарот и понатаму се шири, а проблемите ги создава силниот ветер.

Според Метеоролошката служба во Атина, покрај ветерот, главната причина за напредувањето на пожарот е тоа што веќе еден месец во областа не паднал дожд.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …