Оздраве полковникот на АРМ кој од Африка беше префрлен на лекување од ковид-19 во Скопје

Оздраве полковникот на АРМ кој од Африка беше префрлен на лекување од ковид-19 во Скопје

Потполковникот на Армијата на Северна Македонија кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и се лекуваше на Инфективната клиника е сосема излекуван и од денеска е дома. По 22 дена поминати на лекување на Инфективната клиника, припадникот на АРМ кај кого беше детектиран нигериски сој на ковид-19, е оздравен.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша дека тој набргу ќе се врати меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

Инаку, потполковникот на Армијата на 12 мај годинава беше транспортиран во земјава, откако се заболе од ковид-19 во Централноафриканската Република каде учествувал како припадник во тамошната Европска мисија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …