Европската комисија денеска ќе ги исплати и останатите 80 од предвидените 160 милиони евра помош за С. Македонија

Европската комисија денеска ќе ги исплати и останатите 80 од предвидените 160 милиони евра помош за С. Македонија

Европската Комисија денеска ќе исплати 80 милиони евра за Северна Македонија како дел од помошта од три милијарди евра, макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ. Ова всушност е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош наменети за нашата држава.

Освен за Северна Македонија, 50 милиони евра помош ќе биде испратена за Косово, 30 милиони евра за Црна Гора како и 300 милиони за Тунис.

Европската Комисија информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша, а овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …