Руската Федерација протера дипломат од македонската амбасада во Москва

Руската Федерација протера дипломат од македонската амбасада во Москва

Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласила за персона нон грата дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Русија.

„На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, пишува во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук.

Оваа мерка, како што велат, е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …