Олимпискиот стипендист на МОК и член на Карате федерацијата на Македонија, Пулексенија Јованоска, е седмиот македонскиот спортист кој ќе учествува на Олимписките игри во Токио.
Јованоска на 5 август ќе настапи во „Нипон Будокан“ салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по јапонско време, односно во 03:00 часот наутро по македонско време.
На Олимписките игри Јованоска ќе се натпреварува во дисциплината „кати“.
Во изборот на Агенцијата за млади и спорт, каратистката Пулексенија Јованоска беше избрана за спортистка на годината на нашата држава за 2019 година, а истата година беше лауреат и во изборот за најдобар спортист на општина Прилеп.