МВР поради миграција на системот нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

МВР поради миграција на системот нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека поради миграција во нов систем, од 23 јуни (среда), започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27 јуни (недела, до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

„Граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка, во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на министерството каде што имаат закажан термин за личен документ, на 22 јуни, во текот на целиот работен ден или на 23 јуни, до 12 часот“, соопштија од МВР.

Оние граѓани кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат во било кој термин, на исто место каде што имаат закажано, во периодот од 28 јуни, заклучно со 2 јули 2021 година.

МВР воедно ги информира граѓаните, готовите лични документи да ги подигнат до 23 јуни, до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …