Сите пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, најави Филипче

Сите пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека сите пријавени граѓани на vakcinacija.mk ќе бидат вакцинирани до 15 јули.

Тој додаде дека списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

Денеска се очекуваат 100.000 вакцини од „Фајзер“ кои ќе бидат распределени во големите центри за имунизација. Кинеските вакцини „Синовак“ пак, кои ќе пристигнат во недела во 500.000 дози, ќе бидат распределени во малите и големите центри.

Министерот за здравство најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација, во оној момент кога ќе се истрошат термините со пријавени.

Филипче уште еднаш ја повтори важноста за вакцинација против ковид-19 и најави дека вакцинирањето на наставниците засега нема да биде задолжително.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …