На Заев и на Ципрас утре во Мунстер, СР Германија, ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија

На Заев и на Ципрас утре во Мунстер, СР Германија, ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде што утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.

На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …