На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија (ДИК).

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак треба до 19 септември да достават евентуални барања за негова корекција.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …