стево прендаровски претседател

Сочувство од словенечкиот и од српскиот претседател по трагедијата во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, при што првиот човек на Словенија во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените, соопшти Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија.

Во разговорот, словенечкиот претседател истакна дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понудил и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи, известува Кабинетот на македонскиот претседател.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …