Деновиве пристигнуваат германски експерти од Федералната криминалистика за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Деновиве пристигнуваат германски експерти од Федералната криминалистика за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …