ДЗС: До вчера вечер попишани се 1.212.339 лица во земјава

ДЗС: До вчера вечер попишани се 1.212.339 лица во земјава

Пописот во земјава продолжува да се спроведува со несмалено темпо и заклучно со вчерашниот ден до 20 часот биле попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови, информираат од Државниот завод за статистика.

Преку апликацијата за самопопишување на лицата во странство, досега се самопопишани 193.982 лица од дијаспората, заклучно со денешниот ден во 7:30 часот.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Граѓаните при вршењето на пописот, во случај да се сомневаат од можно ширење на ковид-19, можат да побараат вакцинирано лице против ковид-19 да ги попише или да ја извршат оваа должност со попишувачот надвор од нивниот дом, пред нивната куќа или зграда.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …