До вчера попишани над 1,3 милиони лица во земјава

До вчера попишани над 1,3 милиони лица во земјава

Попишувачите заклучно со вчерашниот ден до 20 часот успеале да попишат 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови во земјава, информираат од Државниот завод за статистика.

Пописот се одвива непречено низ целата земја. На домаќинствата кои не биле попишани во изминативе денови попишувачите им оставаат потсетник во нивните станови и куќи, како и на влезот во станбените објекти, контакт информации за да се договорат со попишувачите кога би можеле да ја завршат ваквата должност.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.

Граѓаните при вршењето на пописот, во случај да се сомневаат од можно ширење на ковид-19, можат да побараат вакцинирано лице против ковид-19 да ги попише или да ја извршат оваа должност со попишувачот надвор од нивниот дом, пред нивната куќа или зграда.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …