СДСМ лого

ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните, упорно ги кочи измените за недела неработен ден

Соопштение за јавност

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика немаат намера да се откажат од блокирање на измените на Законот за работни односи за недела неработен ден.

Овие законски измени создаваат можност 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?

Ваквото деструктивно однесување од ВМРО-ДПМНЕ е вообичаена пракса. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.

ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравствените работници, против припадниците на Армијата.

Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен нивните лични и партиски интереси не им е важен никој.

Токму затоа на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов, седми пораз од граѓаните кои ќе ги казнат ваквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници во Собранието.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …