Премиерот Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока а партнерството со ЕУ е наша главна цел

Премиерот Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока а партнерството со ЕУ е наша главна цел

Вчера доцна попладнето претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во просториите на Владата на Република Северна Македонија беше домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев размени мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.
Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет кој оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација. Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план.Премиерот Заев истакна дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“, додаде Заев.

Прочитајте повеќе

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Во Цетиње денеска била активирана експлозивна направа при што загинале две лица, а три биле …