Од вторник започнува исплатата на октомвриските пензии

Од вторник започнува исплатата на октомвриските пензии

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 26.10.2021 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 27.10.2021 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 28.10.2021 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 29.10.2021 година.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …