Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …