Состанок на Комисијата за заразни болести

Состанок на Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести, како што најави деновиве министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе се состане и притоа ќе ги разгледа предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата во земјата. Филипче оцени дека сите опции се отворени, но оти мора да бидат издржани и спроведливи. Според него, клучни за излез од пандемијата се имунизацијата и почитувањето на мерките, односно носење маска и држење дистанца.

Министерот Филипче смета дека неимунизираните го оптоваруваат здравствениот систем, но оти засега не се размислува за задолжителна имунизација. За преземање на натамошни мерки еден од главните индикатори ќе биде оптовареноста на болниците. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што, според Филипче, е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот период.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …