Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа при што на автопатот Струма во Бугарија загинаа 46 патници, е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Туристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло, објавија бугарските медиуми. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

„Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо“, изјавиле од компанијата за „24 часа“.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …