Фотографија на денот: Во потрага по причините за трагедијата кај Боснек

Фотографија на денот: Во потрага по причините за трагедијата кај Боснек

Бугарското јавно обвинителство започна истрага на местото на страотната сообраќајна незгода со која треба да се утврдат причините за запалувањето на македонскиот автобус. Бугарските власти се сомневаат во две причини.

Грешка на возачот или ненадеен технички дефект на автобусот се можни причини за несреќата во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов.

Серафов соопшти дека во запалениот автобус имало 53 патника, од кои 12 деца.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, кој беше на местото на несреќата со премиерот Стефан Јанев, рече дека причината ќе биде детално разјаснета за време на истрагата, која веќе е во тек. Тој нагласи дека покрај запалениот автобус имало уште три автобуса, а автобусот кој се запали се движел последен.

Автобусот ја уништил заштитната ограда на автопатот, а можно е до пожарот да дошло поради контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

Несреќата се случи во два часот на автопатот кај селото Боснек, околу 40 километри јужно од Софија. Автобусот се враќал од Истанбул за Скопје.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …