Мицкоски

СДСМ: Заменик градоначалникот Мицкоски промовира проекти на СДСМ кои до пред еден месец ги критикуваше

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски во улога на заменик градоначалник продолжува по турнеја низ општините, каде градоначалници има неговото ВМРО-ДПМНЕ, за да промовира проекти на претходната власт на СДСМ.

Тој сигурно чекори по режимските стапки на својот ментор азилантот Груевски, кој, своевремено беше и лидер на партија и министер, градоначалник, судија, обвинител.

Денеска, заменик градоначалникот Мицкоски, заедно со Тимчо Муцунски, промовира проект за инсталирање на фотоволтаици во основното училиште Александар Македонски, проект на претходната локална власт во Аеродром, за кој Договорот веќе бил потпишан.

Муцунски стана уште еден од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои му реферираат на својот лидер, и проектите на своите претходници, ги промовираат пред него, а не пред граѓаните.

Дали тоа значи дека се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, а не на сите граѓани?

Тие со леснотија ја прифаќаат грубата партизација, што заменик градоначалникот Мицкоски ја прави со своите увиди во работењето на општините.

Граѓаните гледаат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, тоа е истата режимска, безидејна партија, а Мицкоски копија на својот претходник, криминалецот во бегство Никола Груевски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …