Крушево: ЈП „Комуна“ ја преполови загубата

Крушево: ЈП „Комуна“ ја преполови загубата

Во првите 9 месеци од 2021 година, ЈП „Комуна“ од Крушево бележи позитивни текови по однос на трошоци, наплата и намалување на загубата, споредено со првите 9 месеци од минатата година.

Финансискиот извештај на „Комуна“, кој беше усвоен на 4 седница на Советот на општина Крушево, бележи зголемување на приходите за вода во домаќинствата во градот и населените места. Ова покажува дека се зголемува наплата, со што претпријатието ќе може да обезбедува и поквалитетни услуги.

Кога се работи за водоснабдувањето, ЈП „Комуна“ повторно апелира граѓаните да ја користат апликацијата за испраќање на состојба на водомер достапна на интернет страницата komunakrusevo.mk. Со ова се обезбедува поверодостојна пресметка и намалување на контактот меѓу вработените во „Комуна“ и граѓаните во време на корона криза.

Врз основа на сите резултати од финансискиот извештај, загубата на „Комуна“ е преполовена, што значи дека претпријатието ја подобрува својата ефикасност, но сеуште е отворен просторот за подобрување на финансиските резултати.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …