влажни коловози

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар

Информација од АМСМ за состојбата на патиштата

На патниот правец Кичево – Гостивар преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег, во 04:50 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила, исто како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 15.12.2021 година, мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, општина Карбинци, заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и во Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …