По 9-ти пат крушевчани ќе го одбележат празникот „Дева“

По 9-ти пат крушевчани ќе го одбележат празникот „Дева“

Денеска, среда 5 јануари, во Крушево по 9-ти пат ќе биде одбележан празникот „Дева“. Празник кој своите корени ги влече од Русија и Украина, но првенствено од Романија, каде во минатото крушевчани оделе на печалба и од каде го донеле обичајот на славење на „Дева“.

Главен симбол на овој празник е Витлеемската ѕвезда, како предвесник на раѓањето Христово. „Дева“ е, всушност, славење на ѕвездата која ја следеле мудреците.

Одбележувањето на празникот ќе започне во 18.00 часот во градскиот парк во Крушево.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …