Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божик и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравјево радост и во среќа.

Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радостаљубовта и заедништвоторазбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество. 

Нека големиот празник нѝ даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородностдобродетелствосолидарност и заедништвоСо искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба.   

Христос се роди!

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …